HomeМакедонијаЗоолошката во Битола ќе добие нови жители

Зоолошката во Битола ќе добие нови жители

- Advertisement -spot_img

Во зоолошката градина во Битола денеска се очекуваат да пристигнат нови жители – мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури и коати од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву, соопштија од Општина Битола.

Од таму, исто така, велат дека зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекти. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба.

Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.

Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување и на оплеменување на живеалиштата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img