Враќањето на францускиот фудбалски експерт Зинедин Зидан на тренерската клупа се ближи. Како што најавуваше тој постојано, ќе се врати како селектор на Франција, но дури по Светското првенство во 2026 година.
Шпанскиот „Ас“ објавува дека сè е договорено и дека по Светското првенство, тој ќе го замени Дидие Дешам.
Зидан во последните години отфрли многу понуди, само чекајќи да ја преземе функцијата селектор на својата репрезентација. Последната тренерска работа му беше во 2021 година, кога го напушти Реал Мадрид по втор пат во кариерата.
Дешам е на тренерската позиција од 2012 година, а го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а пред три години беше поразен од Аргентина во финалето во Катар.
Зидан веќе ја освои светската титула во 1998 година, но како играч, а сега ќе се обиде да ја постигне истата цел и како селектор.







