HomeМакедонијаЖиве Алексовски: Нема да поддржиме промена на имињата на улиците

Живе Алексовски: Нема да поддржиме промена на имињата на улиците

- Advertisement -spot_img

На граѓанската трибина под мотото „Се бориме за нашиот дом“ што вечерва се одржа во Тетово се обрати и Живе Алексовски, носител на листата со кандидати за советници за Општина Тетово од Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и коалицијата. Своето обраќање, тој го почна со ставот дека во изминатиот период во тетовската јавноста се отвораат бројни дилеми за постапките на локалната власт помеѓу ВМРО ДПМНЕ и Биљал Касами.

„Полека, но сигурно излегуваат сите „дилови“ кои советниците на ДПМНЕ ги направија изминативе години со Биљал Касами. Затоа господа патриоти, должни се на тетовската јавност и дадете одговори на следниве неколку прашања кои ги мачат. Дали и зошто советниците ДПМНЕ ја поддржаа идејата на целосно уништување на улицата „Борис Кидрич“, системско уништување сите локали, кафетерии и ресторани. Дали целта ова ваша одлука е уништување единствената улица каде младите тетовчани може слободно да излегуваат и да го поминуваат времето во меѓусебна дружба. Дали советниците на ДПМНЕ гласаа во советот, Градскиот стадион во Тетово и биде доделен само една екипа, а сите македонски екипи да не смеат да се доближат до него. Дали патриотите се среќни кога го гледаат Касами како весело со насмевка ја руши гордоста на Тетово, нашиот градски стадион кој беше гордост не само за Тетово, туку цела Македонија а беше изграден со средствата на сите тетовчани, рече Алексовски од говорницата.

Според Алексовски капиталните дела во Тетово секогаш ги реализира СДСМ и во таа насока како советничка група ќе се залагаат за повеќе нови проекти.

„Ќе се залагаме Тетово да добие велосипедски патеки по главните булевари, изградба на подземни и катни гаражи и паркинг простори, обнова на постојните зелени површини. Изградба на нов парк на локацијата помеѓу булевар „Видое Смилевски-Бато“ и улицата „Љубо Божиноски-Пиш“ кај тениските игралишта. Изградба на нов старски дом и место за собирање на пензионерите во градот. Изградба и обнова на надворешните спортски терени во училиштата, како места каде младите можат да поминуваат своето слободно време и не дозволување истите да се користат како паркинг простор за време на летниот период. Залагање за обнова на месно организирање на граѓаните кои ќе бидат основна клетка за комуникација со општинската администрација, истакна Алексовски.

На крајот тој рече дека ќе се заложи и ветува дека како советници нема да дозволат промена имињата на улиците во Тетово.

„Општинската организација на СДСМ со своите советници во Советот на општина Тетово остро и категорично се спротистави на намерата на Биљал Касами и ДПМНЕ во намерата за промена на имињата на улиците во Тетово. Лично ќе се заложам и ветувам дека ние како советници нема да дозволиме и да поддржиме промена имињата на улиците во Тетово. Вашиот глас е ваше подобро за Тетово“ посочи Живе Алексовски.

На граѓанска трибина во Тетово се обрати и претседателот Венко Филипче.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img