„За да бидам припадник на армијата прво ме привлекуваше многу униформата. Тогаш имаше само мажи, немаше жени“, вели Александра Доневска-офицер за родова еднаквост во кабинетот на началникот на генералштабот на армијата.
Морам да бидам дел од Армијата си велев. Таа е симбол на дисциплина, нешто достоинствено. Се присетува Александра Доневска. Од 1 јули 2003 година станува воен офицер во служба на Армијата. Упорноста, самодовербата и дисциплината вели дека ја донеле до оваа функција која носи голема одговорност. Денес армијата ги руши сите стереотипи, вели Доневска. Нема мажи и жени, сите сме еднакви. Сите позиции во армијата се отворени и за мажи и за жени.
Во Воено медицинскиот центар ковид пандемијата донела големи предизвици за потполковник Лариса Органска како началник на одделението по епидемиологија, таа вели дека одговорноста и смиреноста во донесувањето одлуки, особено во кризни ситуации е клучна, а за емоции нема простор.
Поддршката од семејството и посветеноста кон професијата се темел на успехот, согласни се жените во армијата. Тие успешно ги балансираат и двете улоги. Носењето униформа значи исти стандарди, иста дисциплина и одговорност за сите. Без разлика на полот.








