На 27 декември 2025 година, во 16:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Штип, 31-годишна жена поднела пријава за физички напад. Според нејзините тврдења, во раните утрински часови, околу 03:00 часот, во нејзиниот дом, била нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, С.С. од Штип. Полицијата веднаш започнала со истражни активности, а по целосното документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај.
Најчитани
Stay Connected







