Се зголемува бројот на деца со респираторни инфекции. Грипот почнува да ги полни ординациите и болниците. Над 150 прегледи дневно во Институтот за белодробни заболувања – Козле. Во моментов хоспитализирани се околу 60 деца, најмалиот меѓу нив има 2 месеца, а најмалиот што е на кислородна поддршка е со неполна година.
Лекарите нагласуваат дека загадениот воздух дополнително ги оптоварува дишните патишта на децата. Апелираат особено овој период децата да внесуваат соодветна концентрација на витамин-д, ц-витамин и цинк. Добра исхрана и доколку се во можност распустот да го искористи да престојуваат на чист воздух. Според доктор Атанасова, вакцината за грип треба да биде во редовниот календар за имунизација.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје состојбата со грипот од 15 ти до 21 декември е зголемена за 2 до 3 пати повеќе од пријавени случаи на претходната недела.
Пикот на грипот се очекува да биде во средината на јануари, периодот кога учениците ќе се вратат во училиштата.







