Слаб земјотрес вечерва беше почувствуван во повеќе делови од Кантонот Сараево, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Потресот е регистриран од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според податоците на EMSC, земјотресот е регистриран во 18:44 часот, а според достапната мапа, епицентарот се наоѓал помеѓу Вогошќа и Илијаш, каде што граѓаните пријавиле дека потресот бил најсилно почувствуван.
На веб-страницата на EMSC, повеќе граѓани ги споделија своите впечатоци:
„Во Вогошќа добро се почувствува.“
„Многу кратко, но се почувствува и во Илиџа.“
„Краткотрајно, но интензивно.“
EMSC сè уште не ги објави магнитудата и длабочината на земјотресот, што е вообичаена практика кога станува збор за послаби потреси.
Институцијата засега не го класифицираше земјотресот и не соопшти податоци за неговата јачина и длабочина, но потврди дека е регистриран сеизмички настан во ова подрачје.






