Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне, во 18:08 часот, во Охридско-Ресенскиот регион.
Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Куратица (североисточно од Охрид и Лескоец), на длабочина од 15 километри, објави 4news.mk
Земјотреси со ваква јачина спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси и најчесто се почувствувани само од почувствителни лица или во мирни услови во повисоките катници. Досега нема пријави за штети.






