УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме.
Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата.






