домаМакедонијаЗатворот во Шутка со часови без струја

Затворот во Шутка со часови без струја

- Advertisement -spot_img

Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е прекинато снабдувањето со електрична енергија. До редакцијата на „Инфомакс“, пристигна информацијаа дека попладнево од 17:00 часот, „Шутка“ е без струја.

Според неофицијални информации, агрегратите за струја не работат, а граѓаните прашуваат дали на овој начин државата штеди електрична енергија со исклучување на струја во институции како што е затворот „Шутка“.

Од ЕВН за „Инфомакс“ одговорија дека информацијата е точна, затворот „Скопје“ од 17:00 часот е без електрична енергија, ситуацијата е пријавена, а екипи работат на терен.

Причината за прекинувањето на електричната енергија е испад на далновод, поради што дошло до целосен прекин на снабдувањето. Надлежните служби засега не соопштуваат кога точно се очекува нормализирање на состојбата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img