6.8 C
Skopje
27 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЗатворени над 10 конфекции за само една година во Штип, Кочани и...

Затворени над 10 конфекции за само една година во Штип, Кочани и Делчево

- Advertisement -spot_img

Над 10 затворени конфекции изминатата година само во Истокот, најголем дел во Штип, Кочани и Делчево. Најголем дел од работниците без работа и без неколку плати. Ваквата ситуација на терен ја покажува реалната, алармантна ситуација во текстилниот сектор. Проблемо овде е што и најголем дел од инвеститорите се од странство и немаат апсолутно ништо на нивно име овде, па многу потешко е да се реагира и да им се вратат платите на вработените.

„Оваа година има најмногу затворени фирми во добар дел од нив работниците останаа без неколку плати. Оние кои се обратија до нас сме дале максимално се од себе, но стануваше збор за странски инвеститроти кои тука беа и под кирија, апсолутно нема ништо на нивно име.“ – вели Ампева.

Ваквата ситуација се должи на лоштата состојба во Европа, вели Ампева, како и фактот дека модните брендови се префлаат да работат во земји како Египет и Индија каде работната рака е поевтина за разлика од кај нас.

„Ова се должи претежно на лошата состојба во Европа, многу и од модните брендови банкротираа и завршија со работа, но голем дел од нив и не го гледаат балканот како зона во која треба да инвестираат, туку одат во Египет, Бангладеш и земји каде работната рака е поевтина“ – додава Ампева.

Од Гласен текстилец велат дека се прават максимални напори за сите работници кои побарале помош од нив да се дејствува, со цел да ги добијат заостанатите плати, опремнина, испратнина и слично.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img