домаМакедонијаЗатруено дете во Куманово, најверојатно од детергент

Затруено дете во Куманово, најверојатно од детергент

- Advertisement -spot_img

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.

– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

– Детето е примено вчера на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома, изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.

Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img