Заталкан куршум оштетил ветробранско стакло на скопјанец во Бутел.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 10:50 часот во СВР Скопје Г.Ш.(63) од Скопје пријави дека во двор од куќа на подрачјето на Бутел од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од неговото возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








