домаЗанимливостиЗасладените пијалаци за првпат поврзани со зголемен ризик од рак на желудникот

Засладените пијалаци за првпат поврзани со зголемен ризик од рак на желудникот

- Advertisement -spot_img

Иако штетното влијание на засладените пијалаци врз здравјето е одамна познато, нивната секојдневна употреба и натаму е висока. Ново истражување спроведено во Соединетите Американски Држави покажува дека оваа навика може да биде поврзана и со значително поголем ризик од рак на желудникот.

Според истражувањето објавено во научното списание „Гастро Хеп Адвансес“, лицата кои пијат најмалку една чаша засладен пијалак дневно имаат околу 2,45 пати поголема веројатност да заболат од рак на желудникот во споредба со оние кои воопшто не консумираат вакви пијалаци.

Еден од авторите на истражувањето, лекарот специјалист за болести на органите за варење Ендрју Т. Чан од Општата болница во Масачусетс, посочува дека ова е прво истражување што покажува поврзаност меѓу консумирањето засладени пијалаци и ракот на желудникот кај населението во САД.

„Ракот на желудникот е на петтото место меѓу причините за смрт од рак во светот, но досега знаевме многу малку за тоа на кој начин исхраната може да придонесе за развојот на ова заболување“, наведува Чан.

Истражувачите ги обединиле податоците од две големи истражувања и опфатиле вкупно 112.284 лица. Тие биле следени од 1986 до 2022 година, а во тој период биле забележани 278 случаи на рак на желудникот.

Откако биле земени предвид и другите можни причинители и околности што можат да го зголемат ризикот, резултатите покажале дека кај лицата кои дневно пиеле најмалку една чаша, односно околу 237 милилитри, засладени пијалаци – како газирани пијалаци, овошни сокови или пијалаци наменети за лица кои се занимаваат со спорт – ризикот од рак на желудникот бил повеќе од двојно поголем.

Кај мажите ризикот бил приближно двојно поголем, додека кај жените се приближувал до трикратно зголемување.

Истовремено, истражувачите не утврдиле поврзаност меѓу пијалаците со вештачки засладувачи и ракот на желудникот.

Стручњаците нагласуваат дека станува збор за истражување засновано на набљудување, што значи дека резултатите покажуваат поврзаност меѓу две појави, но не докажуваат дека засладените пијалаци непосредно предизвикуваат рак на желудникот.

Сепак, добиените податоци укажуваат на значајна врска меѓу редовното консумирање вакви пијалаци и зголемениот ризик од заболувањето.

Начинот на кој засладените пијалаци би можеле да влијаат врз појавата на рак на желудникот сè уште не е целосно утврден. Истражувачите сметаат дека можна улога имаат зголемувањето на телесната тежина, намалената чувствителност на организмот на инсулин, нарушувањето на хормоналната рамнотежа, воспалителните процеси, оштетувањето на наследниот материјал и нарушувањата во природната рамнотежа на микроорганизмите во цревата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img