Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на возила надвор од градските средини е зголемен, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Најголема фреквенција има на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на македонска страна изнесува околу 15 минути.
На останатите гранични премини во државата засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од Македонија.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.
Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е потребна дополнителна претпазливост поради можност од појава на одрони.






