-1.2 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветЗасега нема кривична одговорност за француските сопственици на барот во Кран-Монтана

Засега нема кривична одговорност за француските сопственици на барот во Кран-Монтана

- Advertisement -spot_img

– Сè укажува на тоа дека пожарот почнал од запалени прскалки на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот. Брзо се запалил, а потоа пламенот се проширил многу брзо низ целиот објект, рече Пилу.

Според обвинителката, истражителите се повеќе склони да веруваат дека причина за пожарот биле свеќи-прскалки од типот што се ставаат на роденденските торти и се продаваат во секоја продавница, но засега ништо не може да се каже со сигурност.

Сè уште не е утврдено кој сноси кривична одговорност за трагедијата во барот, додаде обвинителката и изјави дека не може да каже кога е извршена последната пожарна инспекција таму.

Таа на прес-конференција изјави дека лицата кои биле повикани да дадат информации не биле сослушани како мерка на претпазливост, пренесува Скај њуз.

– Доколку постои ризик од бегство, може да преземеме потребни мерки, но засега не е утврдена кривична одговорност, рече таа.

Сопствениците на барот се брачен пар од Корзика, кои имаат неколку ресторани во тој дел од Швајцарија.

Истрагата се фокусира и на тоа дали звучната изолација на таванот на барот можеби играла улога во ширењето на пламенот. Во исто време, полицијата во Кран-Монтана соопшти дека досега немало пријави за какви било безбедносни нерегуларности во барот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img