5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЗапочна реконструкцијата на улицата ‘16-та’ во Битола, следува и ‘Даме Груев’

Започна реконструкцијата на улицата ‘16-та’ во Битола, следува и ‘Даме Груев’

- Advertisement -spot_img

Општина Битола денес започна со реконструкција на улицата „16-та“ – профил 1, прва фаза од проектот вреден 1.397.934 денари. Градоначалникот Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, изврши увид на активностите на терен.

Проектот е адаптиран според состојбите на локацијата со цел непречена реализација, а во рамките на посетата беше направен увид и на улицата „Даме Груев“, каде наскоро ќе почнат градежните зафати за реконструкција на коловозот.

Работите на „Даме Груев“ ќе се изведуваат во три краци:

Крак 1: 190,77 метри

Крак 2: 59,32 метри

Крак 3: 158,90 метри

Хоризонталното и вертикалното решение се изработени врз основа на постојната состојба, со цел зачувување на карактеристиките на улицата и пристапите до објектите.

Покрај реконструкцијата на коловозот, ќе биде поставена нова водоводна мрежа за подобро водоснабдување и ќе се изврши санација на постојната мешовита канализација, која моментално е во лоша состојба со бетонски цевки Ø200.

Со овие инфраструктурни активности, локалната самоуправа продолжува да инвестира во подобрување на условите за живот во повеќе делови на градот, со акцент на поголема безбедност и квалитетна урбана средина за жителите на Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img