домаСветЗапленети 4 тони кокаин, вреден 225 милиони евра, во пристаниште во Франција

Запленети 4 тони кокаин, вреден 225 милиони евра, во пристаниште во Франција

- Advertisement -spot_img

Француски цариници заплениле речиси 3,9 тони кокаин, со проценета вредност од 225 милиони евра, во пристаништето Данкерк на северот на земјата, соопшти француското обвинителство за организиран криминал.

Кокаинот бил скриен во пластичен контејнер за отпад кој пристигнал од Гана. Пратката била делумно наменета за белгиското пристаниште Антверпен.

Дрогата е веќе уништена, а француското обвинителство отвори истрага.

Француската правосудна полиција ја таргетираше криминалната мрежа за која се тврди дека стои зад пратката уште пред заплената.

Меѓу обвиненијата од истрагата се и организирано внесување на наркотици и учество во злосторничко здружување, за што на сторителите им се заканува казна затвор до 10 години.

Француската царина заплени 108,81 тони наркотици на национално ниво во 2025 година, вклучувајќи ги сите видови дрога, со проценета вредност од 2,197 милијарди евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img