Од крајот на денешниот ден, во текот на ноќта и утре се очекува заладување проследено со пообилни врнежи. Според најавите на УХМР, на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
На планинските подрачја ќе дојде до зголемување на висината на снежната покривка, а нова снежна покривка се очекува да се формира и во дел од повисоките населени места.
Во следните два дена ќе преовладува претежно стабилно време, додека во петок повторно се прогнозираат врнежи од дожд и снег.








