домаХроникаЗагина 13-годишно дете во кумановско, со тротинет се судрило со автомобил

Загина 13-годишно дете во кумановско, со тротинет се судрило со автомобил

- Advertisement -spot_img

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа кај селото Черкези, кумановско.

Според информациите на МВР, вчера околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези.

По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img