домаМакедонијаЗа улиците без назив во Тетово има 77 имиња од македонската историја,...

За улиците без назив во Тетово има 77 имиња од македонската историја, култура и идентитет

- Advertisement -spot_img

По две седници на Работната група за именување и преименување на улиците во Тетово, утврдени се вкупно 219 имиња од кои 77 се називи поврзани со македонската историја, култура и и идентентет. Утврдени се 77 имиња, а освен на познати и значајни тетовчани, предложени се имиња на револуционери, просветители, православни светци, уметници и разни историски називи кои се длабоко поврзани со македонскиот идентитет и културно наследство.

Предложено име

Профил на предлогот

1. Блаже Конески ((1921–1993) Тој беше истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, историчар на литературата, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој беше и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна фигура во македонската литература.
2. Матеја Матевски (1929-2018) Бил поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач, академик. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Извесно време работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културни и литературни емисии, а подоцна како главен уредник и директор на телевизија, како и генерален директор на Македонската радиотелевизија. Матевски бил член на Академијата на науките и уметностите на Македонија, а бил и нејзин претседател во периодот 2001-2004 година.
3. 8 Септември Ден на независноста на Македонија — Ден на сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
4. Љуботен Планински врв висок 2.498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница.
5. Вардар Најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија. Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар. Поради реката, по поделбата на Македонија по Балканските војни, овој дел на Македонија бил наречен Вардарски дел на Македонија или едноставно Вардарска Македонија. Повторно, поради својата географска одлика на овие краишта, според реката била наречена Вардарска бановина која била административна единица на Кралство Југославија во периодот 1929-1941
6. Методија Андонов Ченто (1902-1957) Македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто е именуван и како прв претседател на Македонија
7. Никола Карев Македонски револуционер, социјалист и истакнат деец на ТМОРО. Тој бил еден од главните организатори на Илинденското востание и претседател на Крушевската Република во 1903 година. Неговиот познат Крушевски манифест го одразува идеалот за еднаквост, слобода и заеднички живот на сите народи во Македонија.
8. Даме Груев Еден од основачите и највлијателните водачи на Македонската револуционерна организација. Поради неговата исклучителна организаторска работа и посветеност на делото, тој често е нарекуван „волевиот столб на Организацијата“. Тој го раководел Смилевскиот конгрес во 1903 година, каде што било донесено конечното решение за кревање на Илинденското востание.
9. Јане Сандански Македонски револуционер, војвода и еден од водечките дејци на левицата во Македонската револуционерна организација. Познат како „Пиринскиот цар“, тој се борел за самостојна и независна Македонија и се спротивставувал на сите надворешни пропаганди и влијанија. По Младотурската револуција во 1908 година, активно учествувал во формирањето на Народната федеративна партија за остварување на социјални и национални слободи.
10. Васил Чакаларов Македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Костурскиот крај. Тој бил еден од главните организатори на Илинденското востание во Југозападна Македонија, познат по својата воена вештина и храброст во борбите. Загинал во јули 1903 година во жестока битка со турската војска кај селото Бел Камен, оставајќи зад себе детално зачуван дневник за револуционерните настани.
11. Ѓорѓи Сугаре Македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Битолскиот и Прилепскиот крај. За време на Илинденското востание активно учествувал во борбите, а подоцна се истакнал во заштитата на македонското население од туѓите пропаганди. Загинал херојски во март 1906 година заедно со својата чета во битката кај селото Паралово, откако бил опколен од турската војска.
12. Петар Поп Арсов Македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација
13. Христо Узунов Македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.
14. Крсте Петков Мисирков Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
15. Андон Ќосето Македонски револуционер и еден од најпознатите егзекутори во редовите на Македонската револуционерна организација. Како близок соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански, тој имал задача да ги извршува пресудите и смртните казни над предавниците, шпионите и непријателите на Организацијата. За разлика од многумина негови соборци кои загинале млади, тој преживеал низа востанија и војни, дочекувајќи длабока старост.
16. Александар III Македонски Роден во Пела, 20/21 јули 356 , починал во Вавилон, 10/11 јуни323 г. п.н.е.) — античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски и Олимпија
17. Филип II Македонски 382 п.н.е. — октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски
18. Цар Самоил Роден во 958, починал на 6 октомври1014 — средновековен македонски владетел, кој на преминот од X кон XI век образувал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.
19. Гаврил Радомир Роден во октомври 1014, починал во август 1015 — средновековенмакедонски цар, првороден син на Самоил 9 негов наследник на престолот.
20. Јован Владислав Македонски цар на Самоиловото Царство од 1015 до 1018 година.Тој е син е на Арон, братот на Самуил.
21. Дедо Иљо Малешевски Македонски ајдутски и востанички војвода. Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата
22. Карпошово востание Вооружено востание дигнато во 1689 г. на територијата на Македонија. Востанието го носи името по својот водач Карпош.
23. Тоше Проески Еден од најпопуларните македонски пејачи и водечка музичка ѕвезда на Балканот, познат по својот моќен вокал и хуманитарна дејност. Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, тој посвети голем дел од кариерата на помош за деца и социјално загрозени категории. Почина прерано во сообраќајна несреќа во Хрватска, оставајќи зад себе голем број музички хитови и длабока трага во македонската култура.
24. Бранко Гапо Тетово, 5 ноември1931 — 18 ноември2008 Еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски кинорежисери со над 40 документарни и 7 играни филмови. Основоположник на македонската кинематографија.
25. Панче Васоски – Камџик Тетово, 16 октомври1924 – Тетово, 1 јуни2003 Театарски, филмски и телевизиски актер. Васовски играл во повеќе од дваесет улоги тој во македонската филмска продукција претставувал еден од најприсутните и незаобиколиви толкувачи на помали улоги и епизоди.
26. Јон Исаја Македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Роден во Тетово на 5 јануари1915 година. Во Романија завршил Театарска академија во Букурешт. Кариерата ја продолжил во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.
27. Трајче Цветановски – Бајрактар Бил војвода на тетовска чета која учествувала на незаштитеното македонско население во Полог. Во 1908 год. За време на Уриетот како учесник на дефилето на ВМРО низ улиците на Тетово го носел знамето на Организацијата, по што го добил прекарот.
28. Борка Аврамова Тетово, 9 октомври 1924 – Загреб, 25 март 1993 Македонска вајарка. Нејзино дело е Споменикот „Победа“ пред Домот на културата во Тетово
29. Блага Алексова Тетово, 24 јануари1922 – Скопје, 12 јули2007 Археолог и академик нарекувана „Првата дама на македонската археологија“.
30. Илинденско востание Вооружено востание организирано од ТМОРО против Османлиското Царство, започнато на 2 август 1903 година на празникот Илинден. Главните борби и најголемиот успех се постигнале во Битолскиот револуционерен округ, каде што била прогласена Крушевската Република како прва република на Балканот. Иако било сурово задушено со големи човечки и материјални загуби, востанието останало еден од најважните настани во историјата на македонскиот народ за слобода и државност.
31. Св.Кирил Пејчиновиќ Македонски просветител, народен учител и еден од првите автори кои пишувале на народен македонски јазик. Како игумен на Лешочкиот манастир, тој го обновил манастирскиот комплекс и формирал училиште, претворајќи го Лешок во значаен духовен и културен центар. Неговите познати дела, како „Огледало“ и „Утешение грешним“, содржат практични поуки за секојдневниот живот и имаат непроценливо значење за почетоците на новата македонска книжевност.
32. Христо Татарчев Македонски лекар и еден од основачите на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година. Тој бил избран за прв претседател на Централниот комитет на Организацијата и имал клучно значење за нејзиното идеолошко и организациско профилирање. По Солунската афера бил уапсен и заточен во Подрум Кале, а по амнестијата продолжил со својата револуционерна и дипломатска дејност.
33. 23 Октомври Во Солун била основана Македонската револуционерна организација (МРО) од страна на Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев и Петко Поп Арсов. Целта на организацијата била стекнување на целосна политичка автономија за Македонија преку револуционерна борба и внатрешни сили. Овој значаен датум денес се одбележува како државен празник во Северна Македонија под името „Ден на македонската револуционерна борба“.
34. Ѓорче Петров Македонски револуционер, идеолог и еден од водечките лидери на Македонската револуционерна организација. Тој со години ја вршел функцијата задграничен претставник на Организацијата во Софија, каде што се борел за нејзина независност од надворешни влијанија. Покрај револуционерната дејност, тој задставил и непроценливо географско и етнографско дело преку својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“
35. Павел Шатев Македонски револуционер, еден од познатите Солунски атентатори („гемиџии“) и подоцна прв министер за правосудство на новоформираната македонска држава. По извршувањето на солунските атентати во 1903 година, тој бил осуден на смрт, но казната му била заменета со заточение во Фезан (Либија), од каде што подоцна се вратил. Во текот на својот живот активно учествувал во револуционерното и политичкото движење за независна Македонија, оставајќи зад себе значајни мемоарски и историски записи.
36. Гемиџии Анархистичка група млади македонски интелектуалци кои во пролетта 1903 година ги извршиле познатите Солунски атентати со цел да го привлечат вниманието на европската јавност кон македонското прашање. Водејќи се од девизата „Се арчиме за Македонија“, тие извеле серија координирани напади врз објекти од странски капитал во Солун, како што биле Отоманската банка, паробродот „Гвадалкивир“ и гасоводната мрежа. Поголемиот дел од членовите загинале во борбите за време на атентатите, додека преживеаните биле осудени на смрт или дугогодишно заточение во Африка.
37. Панко Брашнаров Македонски револуционер, учител и еден од ретките дејци кои учествувале и во Илинденското востание и во Народноослободителната борба. Како најстар делегат, го отворил Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, одржувајќи го историскиот говор за остварувањето на вековниот сон за македонска држава. Поради подоцнежното несогласување со тогашната југословенска политика и поддршката за Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен и го завршил својот живот како заточеник на Голи Оток.
38. Горан Стефановски Еден од најзначајните македонски драматичари, есеисти и професори, чии дела ја одбележаа современата македонска книжевност и театар. Неговите драми, како „Диво месо“, „Хифи“, „Тетовирани души“ и „Лет во место“, сериозно ги истражуваат темите на идентитетот, кулурното наследство и општествените превирања. Долгогодишен професор по драматургија во Скопје и Обединетото Кралство, тој остави длабок белег како современ мислител кој го поврза македонскиот дух со европската драматургија.
39. Петре М.Андреевски Еден од најталентираните и најпопуларните македонски писатели, поет, романописечки автор и драматург. Неговиот кутен роман „Пиреј“ важи за едно од најзначајните дела во современата македонска книжевност, прикажувајќи ја суровата судбина на македонскиот народ во текот на Балканските и Првата светска војна. Преку своите бројни стихозбирки и прозни дела, тој остави непроценливо културно наследство исполнето со длабок фолклорен мотив и силна лирика.
40. Никола Кљусев Македонски економист, професор, академик и прв премиер на независна Република Македонија. Тој ја предводеше експертската влада од 1991 до 1992 година, периодот во кој земјата се осамостои, воведе сопствена валута (денар) и ги постави темелите на државноста. Покрај неговата значајна политичка кариера, тој остави длабока трага во економските науки и беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
41. Пере Тошев Македонски револуционер и еден од најважните водачи и идеолози на Македонската револуционерна организација. Поради неговиот исклучителен авторитет, скромност и организаторски способности, соборците го нарекувале „совеста на Организацијата“. Загинал во 1912 година во заседа организирана од османлиските власти кај Дренската Клисура, на патот меѓу Градско и Прилеп.
42. Димо Хаџи Димов Македонски револуционер, социјалист и истакнат идеолог на левото крило во Македонската револуционерна организација. Тој бил близок соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански, а подоцна станал еден од основачите на Народната федеративна партија и ВМРО (Обединета). Неговата публицистичка и политичка дејност била целосно посветена на идејата за самостојна Македонија во рамките на балканска федерација, сè до неговото убиство во Софија во 1924 година.
43. Григор Прличев Еден од најголемите македонски преродбеници, поет, преведувач и учител, познат во европски рамки како „Вториот Хомер“. Големата слава ја стекнал во Атина во 1860 година кога ја освоил првата награда на престижниот поетски конкурс за поемата „Сердарот“, напишана на грчки јазик. По враќањето во родниот Охрид, целосно се посветил на македонската народна преродба и борбата против фанариотското влијание, а зад себе оставил и исклучителна „Автобиографија“ која е темелник на современата македонска проза.
44. Војдан Чернодрински Македонски драмски автор, глумец и театарски организатор, кој се смета за основач на современиот македонски театар. Неговото најпознато дело е пиесата „Македонска крвава свадба“, напишана на македонски народен говор и премиерно изведена во Софија во 1900 година. Преку својата театарска дружина „Скрб и утеха“, тој ја користел сценската уметност како моќно средство за будење на националната свест и за запознавање на европската јавност со тешката судбина на македонскиот народ.
45. Тодор Скалоски Еден од најзначајните македонски композитори, диригенти и музички педагози, кој се смета за еден од основачите на современата македонска музичка култура. Тој е автор на музиката за македонската државна химна „Денес над Македонија“, а зад себе остави и богати хорски, оркестарски и вокално-инструментални дела кои црпат длабока инспирација од македонскиот фолклор. Како диригент и еден од основачите на Македонската филхармонија, Операта и фестивалот „Охридско лето“, тој даде клучен придонес во воспоставувањето на професионалните музички институции во земјата.
46. Св.Кирил и Методиј Браќа од Солун, мисионери и преродбеници кои се сметаат за основачи на словенската писменост и култура, познати и како „Сесловенски просветители“.
47. Св.Климент Охридски Средновековен словенски просветител, епископ и најдаровитиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј.
По затворањето и прогонот на учениците од Моравија, тој дошол во Македонија и ја основал познатата Охридска книжевна школа — првиот словенски универзитет, каде подготвил над 3.500 ученици за црковна и просветна дејност.

48. Рилскиот конгрес Конгрес на ВМОРО се одржал во октомври и ноември 1905 година во Рилскиот манастир и претставува единствениот општ (општдржавен) конгрес на Организацијата по Илинденското востание.
49. Тодор Александров Македонски револуционер, воен водач и долгогодишен раководител на автономистичката ВМРО во периодот по Првата светска војна.
50. Гоце Николовски Македонски пејач на народна и новокомпонирана фолк-музика, чиј карактеристичен глас и интерпретација оставија траен белег во македонската музичка естрада најпрепознатлив е по изведбата на култната песна „Бисер балкански“.
51. Петре Пирузе-Мајски Македонски револуционер, правник, учесник во Народноослободителната борба и еден од организаторите на востанието во Дебарца и Охридско. Делегат на Второто заседание на АВНОЈ и Првото заседание на АСНОМ. Во 1950 година, бил уапсен и испратен на Голи Оток, по што долги години бил исклучен од јавниот и политичкиот живот.
52. Крушевски манифест Еден од најважните документи во историјата на македонската борба за слобода, составен за време на Илинденското востание во август 1903 година. Негов главен автор е Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.Манифестот бил упатен до муслиманското (турското, албанското и торбешкото) население во околните села за време на ослободувањето на Крушево.
53. Сирма Војвода Македонска жена ајдутин од XIX век, една од најопејуваните македонски жени.
54. Веселин Пандиловски Првиот претседател на Општина Тетово по Втората светска војна.
55. Христо Червенелеков Учител и првиот претседател на тетовскиот комитет на ВМРО во Тетово, назначен во 1895 година директно од Гоце Делчев.
56. Д-р Глигорије Евчески Истакнат лекар меѓу двете светски војни и еден од основачите на тетовската болница по Втората светска војна.
57. Д-р Ристо Трифуновски-Брезјанин Бил истакнат тетовски лекар и еден од значајните медицински дејци на Тетово во првата половина на XX век. Според истражувањето на Бранислав Светозаревиќ, медицината ја завршил во Букурешт со највисока оцена – 10+. Во 1936 година бил избран за општински лекар во Тетово, каде дал значаен придонес во развојот на здравствената служба.
По Втората светска војна продолжил со својата лекарска и стручна дејност и учествувал во развојот на македонското здравство.

Бил и меѓу основачите на една од клиниките на Медицинскиот факултет во Скопје.

58. Ѓиче Бојаџиев – „Берберот“ (1896–1970) бил истакнат тетовски музички деец, музичар и раководител на повеќе музички состави. Во 1919 година формирал свој гудачки квартет, а во 1924 година раководел со мандолински оркестар во друштвото „Бинички“. По ослободувањето, во рамките на Радио Скопје, формирал свој мандолински оркестар.
Со својата музичка активност оставил значаен белег во развојот на музичкиот живот во Тетово и Скопје

59. Лазар Личеноски (1901–1964) бил еден од најзначајните македонски сликари и втемелувачи на современата македонска ликовна уметност. Роден е во Галичник, а од 1915 до 1921 година живеел и работел во Тетово. Подоцна се школувал и творел во Белград и Париз. Во своето богато творештво оставил бројни дела инспирирани од македонскиот народ, фолклор и пејзаж. Неговото дело има трајно место во историјата на македонската уметност.
60. Томче Грнчаровски (1923–1960) е еден од пионерите и основачите на Македонската опера. Како член на Операта при МНТ од нејзиното основање во 1947 година, тој беше меѓу првите носители на тенорски партии на македонската оперска сцена.
Со својот топол и лирски глас ги толкувал големите улоги во „Травијата“, „Риголето“, „Боеми“, „Мадам Батерфлај“, „Волшебната флејта“ и други дела.

61. Мијаел Младенов Бил првиот директор на Тетовската полугимназија и еден од истакнатите просветни и револуционерни дејци во Тетово. Бил и претседател на тетовскиот комитет на ВМРО, активно вклучен во македонското револуционерно движење. Во 1905 година бил уапсен од османлиските власти и осуден на 101 година затвор, по што бил испратен во злогласниот затвор во Дијар Бекир.Од таму никогаш не се вратил.
62. Трајче Цветановски – Бајрактар Бил војвода на тетовска чета која учествувала на незаштитеното македонско население во Полог. Во 1908 год. За време на Уриетот како учесник на дефилето на ВМРО низ улиците на Тетово го носел знамето на Организацијата, по што го добил прекарот.
63. Софре Ѓорѓески Потекнува од село Жеровјане. Бил комита во кичевската чета за одбрана на населението. По Илинденското востание станал војвода на тетовска чета.
64. Тодор Тетовчето Бил комита во четата на Андон Ќосето. Учествувал во борби низ Прилепско и Битолско. Со четата на Михаил Герџиков ќе загине во борбите во с. Зборско – Воденско.
65. Игумен Хаџи Езекил Од с.Глоѓи. Игумен на Лешочкиот манастир од 1878 до 1898 г. Истакнат национален деец во борбата против странските црковно-училишни пропаганди.
66. Блаже Симоновски Од с.Брезно. Учесник во Илинденското востание во четите на повеќе војводи меѓу кои и на Даме Груев.
67. Коце Дафинковски Од Тетово. Учесник во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев.

68. Пано Иљов Чадија Од тетово. Илинденец. Загинал во битките за Крушево.
69. Симо Петров Јовановски Од Тетово. Комита во четата на војводата М. Ацев. Загинал во битката кај с. Чланци, Велешко.
70. Младен Мишевски Од Тетово. Учесник во Илинденското востание и војвода на тетовска чета која учествувала во одбрана на населението во Плолг по Илинденското востание.
71. Петар Поп Арсов Македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација
72. Мирче Ацев – Оровчанецот Македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Народниот херој од НОВ Мирче Ацев бил внук на војводата Мирче Ацев, чие име и го носел. Негова внука била и Вера Ацева, која исто така учествувала во НОВ.
73. Никола Петров Русински Учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Бил близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери.
74. Мис Хелен Стоун 24 јули 1846 – 13 декември 1927), попозната како Мис Стон — американска протестантска мисионерка која патувала низ Македонија. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Горна Џумаја. Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела.
75. Пандо Кљашев-Пандето Македонски револуционер, војвода и раководетел на Македонската револуционерна организација.
76. Стефан Мандалов-Манданата Македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Аферата мис Стон. Подоцна станува самостоен војвода. Загинува во септември 1903 година во периодот на Илинденското востание
77. Миле Поп Јорданов македонски револуционер и просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, член, секретар и војвода на ТМОРО, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов – Орцето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img