домаМакедонијаЗа само два дена се родија дури седум бебиња - градот доби...

За само два дена се родија дури седум бебиња – градот доби седум нови животи

- Advertisement -spot_img

Убави и емотивни моменти деновиве се бележат во Општата болница во Кочани. За само два дена, на Гинеколошко-акушерското одделение по природен пат на свет дошле седум бебиња – четири машки и три женски.

Информацијата ја сподели директорката на Општа болница Кочани, Катерина Мирчовска, која посочи дека станува збор за уште една убава вест за болницата и за целиот кочански регион.

Особено радува фактот што сите седум породувања биле извршени по природен пат. Од болницата велат дека кочанското породилиште и понатаму е место каде секојдневно се испишуваат најубавите животни приказни, со првиот плач на новороденчињата и радоста што тие ја носат во семејствата.

Од оваа година, во кочанската болница работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство, што дополнително придонесува за создавање услови за квалитетна здравствена грижа за идните мајки и нивните бебиња.

Од болницата се надеваат дека позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следува, со уште повеќе породувања и уште повеќе бебешки плач што ќе се слуша низ кочанското породилиште.

Седум бебиња за само два дена – седум нови причини за радост и седум семејства кои го добија најубавиот подарок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img