Околу 6.5 милиони евра или 66 проценти од буџетот на ДИК ќе се потрошат за реклами во медиумите за локалните избори.
Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.









