2.8 C
Skopje
26 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионЗа парламентарниот изборен процес во Косово ангажирани 100 обвинители

За парламентарниот изборен процес во Косово ангажирани 100 обвинители

- Advertisement -spot_img

Косовското обвинителство ги завршило сите потребни подготовки за парламентарните избори што ќе се одржат во недела. Oколу 100 обвинители и службеници од обвинителскиот систем ќе бидат ангажирани во тој процес.

Главната цел на овие подготовки е да се заштити слободниот глас на граѓаните и да се обезбеди интегритетот на изборниот процес.

„Тие ќе бидат распоредени низ целата територија на Република Косово и ќе бидат во состојба на готовност сè додека изборниот процес не биде целосно завршен, со цел да се третираат и гонат сите можни прекршувања или законски прекршоци што може да се случат за време на изборите“, се наведува во соопштението на канцеларијата на главниот обвинител.

Главниот обвинител ги повика граѓаните, политичките субјекти, институциите и разните организации да го пријават до надлежните обвинителства секој случај во кој постои сомневање дека имало злоупотреба или манипулација со гласовите, во која било форма и од било кого.

Истовремено, судии ќе бидат дежурни во сите судови и судски оддели во Косово кои ќе постапуваат по барањата на обвинителството и полицијата во случај на прекршоци или законски прекршоци што може да се случат за време на изборите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img