За време на настанот Made on YouTube 2025, YouTube претстави низа нови алатки и функции со вештачка интелигенција, чија цел е да им помогнат на креаторите да го поедностават процесот на работа и да го зголемат ангажманот. Дополнително, додадени се и неколку нови опции за монетизација со цел да им се овозможи на креаторите и бизнисите поефикасна соработка.
Почнувајќи со YouTube Shorts, Google го имплементира својот генеративен алат DeepMind Veo 3 Fast, кој може да креира позадини на кратки клипови со звук. Ова вклучува алатки за движење и рестилизирање, додавање реквизити во сцени, AI-уредување кое го претвора суровиот материјал во драфт-видео и функција speech-to-songкоја го претвора дијалогот во звучна нумера.
YouTube исто така го претставува алатот за конверзација под името Ask Studio. Тој е дизајниран да им помогне на креаторите во оптимизација на работниот процес, дава предлози, овозможува A/B тестирање за подобар ангажман и автоматска синхронизација.

Веб-страницата носи и неколку нови ажурирања за live streaming и подкасти. Изборот на алатки ќе им помогне на креаторите да го продлабочат ангажманот со следачите, да ја прошират публиката и да ја подобрат монетизацијата.
Подкастерите ќе добијат поддршка од вештачката интелигенција во сечење кратки видеа и исечоци од цели епизоди, додека Veo ќе може да генерира прилагодливо видео од аудио-датотека.
YouTube додава и нови опции за монетизација, зближувајќи ги креаторите и компаниите. Креаторите ќе можат да додаваат директни линкови до веб-страници на брендови во кратките видеа, а YouTube Shopping наскоро ќе биде достапен на повеќе пазари и кај повеќе трговци. Вештачката интелигенција ќе помага со означување на производи за полесна интеграција.
Новите алатки и функции ќе се воведуваат постепено до крајот на 2025 и почетокот на 2026 година.









