За корисниците подобро да го поврзат односот помеѓу iPhone 17 и идните флегшип модели на Xiaomi, кинеската компанија одлучи да ја прескокне серијата 16 и до крајот на месецот ќе ги претстави Xiaomi 17, 17 Pro и 17 Pro Max.
Претседателот на Xiaomi, Лу Вејбинг, објави на Weibo дека компанијата ќе го прескокне претставувањето на својата флегшип серија 16 и наместо тоа ќе ги претстави Xiaomi 17, 17 Pro и 17 Pro Max. На овој начин сакаат нивните телефони директно да ги стават во конкуренција со Apple iPhone 17.

Потврдено е и дека целата серија Xiaomi 17 ќе биде прва која ќе го користи новиот Snapdragon 8 Elite 5. Вејбинг исто така наведува дека основниот модел ќе донесе низа подобрувања – и тоа без зголемување на цената. Да потсетиме, Xiaomi 15 во Кина стартуваше со цена од 4.499 јуани, односно околу 530 евра. Почетниот Xiaomi 15 во Европа пак чинеше 1.000 евра.
Што се однесува до останатите модели, Xiaomi 17 Pro се опишува како најмоќен компактен флегшип со фокус на фотографијата, додека Xiaomi 17 Pro Max ќе биде генерално најсилниот телефон на компанијата. Повеќе информации ќе бидат познати веќе кон крајот на овој месец.







