Со клик на новата опција Share with Copilot се активира Copilot Vision, AI алатка на Microsoft која го скенира и анализира содржината на прозорецот.
Ако мислевте дека Windows 11 веќе е доволно преполн со Copilot копчиња во Paint, Notepad, taskbar-от, тастатурата и на предната страна на некои PC уреди, Microsoft сака да ве разубеди. Во новата тест верзија на оперативниот систем се појави уште едно – кога ќе поминете со глувчето над иконата на некоја програма во taskbar-от, ќе се појави опцијата Share with Copilot.
Со клик на неа се активира Copilot Vision, AI алатка која го скенира прозорецот, го анализира и нуди можност за разговор со четботот на Microsoft.

Од Microsoft тврдат дека засега само ја тестираат оваа можност, па постои шанса новото копче никогаш да не стигне до стабилната верзија на Windows 11. Но, ако се земе предвид пристапот на Microsoft кон „feature creep“ – постојано додавање на нови функции кои корисниците не ги побарале – реално е за очекување дека слични функционалности порано или подоцна ќе завршат во системот, сакале корисниците или не.









