HomeРегионВучиќ: Србија сака мир, иако армијата ни е многу посилна

Вучиќ: Србија сака мир, иако армијата ни е многу посилна

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја најави претстојната посета на Кина како еден од клучните дипломатски и политички настани во неговиот мандат, посочувајќи дека во Пекинг ќе отвори широк спектар теми со кинескиот лидер Си Џинпинг: од напредни технологии како вештачка интелигенција и роботика, до економска и воено-техничка соработка, инфраструктурни проекти и образовни реформи.

Посетата, која според неговите изјави ќе трае меѓу пет и шест дена и ќе има и државен и работен карактер, Вучиќ ја претстави како можност за продлабочување на стратешкото партнерство со Кина. Особен акцент, како што нагласи, ќе биде ставен на реформата на образовниот систем во Србија, област за која порача дека нема да прифаќа компромиси.

Во делот на безбедносната политика, српскиот претседател оцени дека земјата денес располага со значително посилни одбранбени капацитети во споредба со периодот пред една и пол деценија, вклучително и во однос на времето на НАТО-бомбардирањето во 1999 година. Според него, зајакнувањето на армијата е директна последица на економскиот раст и континуираните вложувања во одбраната.

Вучиќ посочи и дека Србија денес поседува значајни количества модерно вооружување и опрема, меѓу кои и системи набавени од Израел, нагласувајќи дека процесот на модернизација се одвива преку соработка со повеќе меѓународни партнери, меѓу кои Кина, Израел и одредени европски држави.

Осврнувајќи се на прашањето за Косово, тој изјави дека дијалогот повторно е активиран и вратен на преговарачка агенда, но истовремено подвлече дека Србија нема намера да се впушти во воен конфликт. „Денес имаме средства да се браниме, но не сакам војна. На граѓаните им ветив мир“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Белград ќе продолжи да гради односи со различни глобални актери, вклучувајќи и држави кои често имаат спротивставени позиции на меѓународната сцена, како Иран и Израел. Според него, ваквата политика на балансирање останува клучна за Србија, која истовремено се обидува да го одржи европскиот курс, партнерството со Кина и традиционалните врски со Русија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img