Српскиот претседател Александар Вучиќ лично сподели фотографии од средбата со бугарскиот премиер Румен Радев. На нив се гледа како двајцата се прегрнуваат пред разговорот на Форумот за Западен Балкан во Тиват, Црна Гора.
„На неформалната вечера во Котор, разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев, во пресрет на утрешниот самит меѓу лидерите на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват“, објави Вучиќ и прецизираше: „Разговарав со бројни европски претставници и партнери од регионот за клучни прашања за иднината на Западен Балкан, европскиот пат на нашите земји, како и за можностите за понатамошно подобрување на соработката и зајакнување на меѓусебната доверба“.
Средбата во Тиват се смета за важен политички сигнал од Брисел дека проширувањето на ЕУ останува стратешки приоритет во услови на растечки геополитички предизвици и потреба од поблиска интеграција на регионот со Унијата.








