Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека предвремените избори ќе бидат распишани многу брзо, „во следните 15, 20 или 25 дена“. Кампањата за парламентарните избори ќе трае во согласност со законот – најмалку 45, а најмногу 60 дена, нагласи српскиот претседател.
Кампањата ќе биде „многу долга“, верува Вучиќ најавувајќи дека изборите ќе бидат распишани „многу, многу наскоро“.
„Кампањата е предолга, претседателската кампања е обично пократка, трае помеѓу 30 и 60 дена, во согласност со Уставот и законите“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека ќе продолжи да ја обиколува Србија, за да чуе што мислат луѓето и какви се нивните потреби.
„Ќе продолжам да ја обиколувам Србија и денес и утре и задутре, сигурно. Верувам дека ќе можеме да направиме многу повеќе за нашите граѓани“, рече Вучиќ.






