HomeМакедонијаВозачите на коли со бугарски таблички на граница ќе плаќаат казни за...

Возачите на коли со бугарски таблички на граница ќе плаќаат казни за „Безбеден град“

- Advertisement -spot_img

Возачите на излез од државата нема да бидат задржани туку ќе добијат известување дека нема да може да влезат повторно преку македонска граница доколку не ја платат казната која ја регистрирал системот „Безбеден град“.

Ова важи и за македонските граѓани кои имаат двојно државјанство, односно бугарско и возат автомобили со бугарски регистарски таблички.

„Во рамки на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, прекршоците сторени со возила со странски регистарски таблички, вклучително и возила со бугарски регистарски таблички управувани од македонски државјани, кои ќе бидат евидентирани преку автоматскиот систем за видео-надзор и детекција на сообраќајни прекршоци, ќе се реализираат на граничните премини.

При секој влез или излез на возилото од државата, лицето ќе биде известено за сторениот прекршок и ќе има обврска да ја плати изречената глоба согласно закон. Доколку глобата не биде платена, ќе се постапува согласно законските одредби за постапување со странец“, велат од МВР.

Возачите кои возат возила со бугарски таблички немаат обврска дополнително да се пријавуваат во МВР за да остават мејл и телефонски број како што тоа се прави при регистрација на возилата во Македонија. Тоа ќе го направат само ако сториле прекршок.

„Возачите на возила со странски регистарски таблички немаат обврска дополнително да се пријавуваат во МВР. При сторен сообраќаен прекршок, при секој влез или излез од државата, сторителот на прекршок за кој е предвидена мерка забрана за управување со моторно возило е должен да остави контакт телефон и е-маил адреса. За останатите сообраќајни прекршоци за кои не е предвидена ваква мерка, ќе се обезбедат само личните податоци, а сторителот е должен да ја плати изречената глоба“, велат од МВР за „Фокус“.

Доколку граѓанинот ја плати глобата преку банка или пошта, потребно е доказот за извршната уплата да го достави во полициска станица, за истата да биде евидентирана.

Санкционирањето на почеток е за четири сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање; брзо возење, поминување на црвено и управување со возило со истечена регистрација.

Ако сопственикот на возилото ја прифаќа во рок од осум дена ќе може да плати половина од неа.

Ако казната се намири во рамки на овие рокови, тогаш не се плаќаат дополнителни трошоци за целокупната постапка.

Ако е во прашање кривично дело безобѕирно управување со возило, тогаш случајот ќе го преземе јавното обвинителство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img