Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено и по претежно суви коловози, информираат од ЈП „Македонија пат“. Сепак, на повисоките планински места и премини има промена на временските услови.
Слаб снег провејува на патните правци: Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Она што е добра вест е што снегот во моментов не се задржува на коловозот, па сообраќајот тече без застој.
Од претпријатието потсетуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и се грижат сите патни правци да останат проодни.







