домаМакедонијаВонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

- Advertisement -spot_img

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите.

– Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски.

Вонредното прскање против комарци се спроведува по прогласувањето епидемија на западно нилска треска во скопските општини: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери…

Од западно нилска треска починаа три лица. До денеска има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно нилска треска, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника.

Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img