домаРегионВонредни парламентарни избори во Србија на 25 октомври

Вонредни парламентарни избори во Србија на 25 октомври

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го потпиша Указот за распуштање на српскиот Парламент и одлуката за распишување вонредни парламентарни избори на 25 октомври. Во Указот се наведува дека се распушта Собранието на Србија избрано на 17 декември 2023 година. Oдлуката ја донесе врз основа на образложениот предлог на Владата на Србија од 7 септември.  
Тоа ќе бидaт 15-ти по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем и 11-ти вонредни. 

Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ рече дека одлуката за распишување избори ја донел „врз основа на виталните интереси на државата и граѓаните на Србија“.

„Да не беа ваквите тензии и политички несогласувања и конфликти, сигурно немаше да ни требаат избори, но секое одложување би го загрозило Експо и опстанокот на демократијата како најдобра форма на политички режим во нашата земја“, рече Вучиќ во обраќањето од Претседателството на Србија. 
Претседателот на Србија нагласи дека одлуката на народот мора да се почитува, без оглед на исходот од гласањето.

„Вашата одлука е глас Божји и одлуката на народот мора да се почитува“, нагласи тој.

Премиерот Ѓуро Мацут предложи распуштање на Собранието на седницата на Владата на 7 септември, што Владата го прифати на седница. Тоа беше неопходна законска постапка, за да може Вучиќ да распише избори. Од моментот кога Владата го прифати предлогот на Мацут за распуштање на Собранието, почна да тече рок од 72 часа, во кој претседателот на Републиката одлучува дали ќе го прифати образложениот предлог на Владата.

За да се одржат изборите на 25 октомври, како што претходно објави Вучиќ, тие мораа да бидат распишани најдоцна на 10 септември.

Студентите во блокадата денеска објавија дека се подготвени за победа, откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави вонредни парламентарни избори за 25 октомври.

„Долго време молчеа. Долго време ветуваа, лажеа, одложуваа – надевајќи се дека заморот на народот ќе биде посилен од нивната упорност. Не сметаа на едно нешто: дека студентите ќе останат кога сите други ќе се откажат“, објавија тие на нивната страница на интернет.

Тие тврдат дека напишале детална и сериозна програма, како и дека избрале професионални луѓе да го претставуваат студентското движење на изборната листа.
„Денеска можеме гласно и јасно да кажеме: изборите се распишани. Нашиот пат сега е појасен од кога било, а одговорноста што ја презедовме станува сè потешка, но и сè позначајна. Време е за победа, и ние сме подготвени да ја однесеме до крај“, се вели во соопштението.

Марија Божовиќ, студентка на Медицинскиот факултет во Нови Сад, за Н1 изјави кога ќе биде позната листата на студентите.
„Листата на студенти ќе биде објавен во следните неколку дена. Листата е готова одамна, сега се во прашање само техничките и правните аспекти. Кога ќе се соберат потписите и листата треба да се достави, таа ќе биде јавно објавена“, рече таа.

Изборите се одржуваат речиси три години по претходните парламентарни избори одржани во декември 2023 година, кои беа нарушени од обвинувања од опозицијата, невладините организации и меѓународните набљудувачи за сериозни нерегуларности, притисок врз гласачите, злоупотреба на јавните ресурси и водење официјална кампања.

Оттогаш се усвоени голем број законски измени, кои владините претставници ги презентираат како одговор на препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), додека некои домашни организации оценуваат дека клучните проблеми не се решени.

Во текот на 2025 и 2026 година, Народното собрание усвои голем број законски измени со цел да ги исполни препораките на ОДИХР. Меѓу нив се формирањето на Комисијата за ревизија на избирачкиот список, нови правила за финансирање на политички активности и измени на Законот за спречување на корупција. Во мај 2026 година беа изменети четири изборни закони, вклучувајќи одредба според која гласачите можат да поддржат повеќе од една изборна листа, што е една од препораките на меѓународните набљудувачи.

На крајот на август беа усвоени измени на Законот за спречување на корупција, со кои се воведуваат нови правила за таканаречената официјална кампања. Според новиот закон, службените лица за време на кампањата не можат да настапуваат на политички собири претставувајќи се себеси преку јавна функција, а користењето на јавни ресурси за политичка промоција е исто така забрането.

Вонредни избори од мај 2025 година бараат студентите во блокадата, кои со месеци ги водат антивладините протести. Тие побараа одговорност за смртта на 16 лица откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Претставниците на владата постојано го најавуваа распишувањето, додека Вучиќ, исто така, изјави дека ќе се повлече од претседателската функција пред крајот на неговиот мандат во април 2027 година. Законот предвидува дека парламентарните избори ги распишува претседателот на државата и дека од датумот на распишување до датумот на нивното одржување не смее да поминат помалку од 45, ниту повеќе од 60 дена.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img