ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет.
Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27 до 31 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа од вкупно 42 мерни места на територијата на Скопје.
Од јавното претпријатие информираат дека резултатите од испитувањата покажале оти сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, што значи дека водата е исправна и безбедна за употреба.






