Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија. Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита, и двата во прво читање.
На дневен ред на Законодавно правната комисија се неколку точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, сите во прво читање.