Полициски службеници вчера уапсија тројца штипјани – Е.Д.(21), Н.Р.(38) и В.М.(26), откако при претрес во домот на Е.Д. биле пронајдени три автоматски пушки калибар 7,62 мм, пет рамки со по 30 куршуми и уште две рамки со по 20 куршуми од истиот калибар.
Претресот бил извршен со согласност на сопственикот, а во моментот на акцијата во објектот биле затекнати и другите две лица. Сите тројца се задржани во полициската станица, а МВР соопшти дека по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.







