Пет лица се уапсени денеска под сомнение дека се обиделе незаконски да отуѓуваат земјиште со површина од два хектара во Косово Поле, вредно 1,5 милиони евра, преку злоупотреба на службената положба, соопшти Основното обвинителство на привремените институции во Приштина.
По налог на обвинителот, на осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа.
Се сомнева дека уапсените, злоупотребувајќи ја службената положба или овластувањата, намерно и незаконски му издале на лицето М.С. потврда за сопственост на имотот лоциран во Косово Поле, со површина од два хектара, по што лицето М.С., во соработка со други лица, се обидело да го отуѓи овој имот преку продажба на лицата М.З. и М.З. со фалсификувани документи, се наведува во соопштението на обвинителството во Приштина.






