За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители. Ова, според општинската изборна комисија, ја става општината во водечките во државава. Прилеп е со најголема територија и 60-тина села, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК-Прилеп.
Екипата на Македонската телевизија го посети селото Лениште, речиси до градот.
И во општините од регионот, има припојување на избирачки места. Од четирите, во три има намалување на бројот на гласачи. Во Прилеп избирачкото тело е помало за дури за 214 гласачи во споредба со парламентарните избори, во Кривогаштани за 56, а во Крушево за 31 гласач. Единствено, мултиетничко Долнени, и покрај припоени две избирачки места, има зголемен број гласачи, за дури 181.









