домаМакедонијаВо понеделник четиричасовен штрајк на грчките цариници

Во понеделник четиричасовен штрајк на грчките цариници

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот.

Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од МВР информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и дека во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети за олеснување на сообраќајот и информирање на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img