Во првите месеци минатата година во земјава биле увезени 566,6 тони кафе во вредност од приближно 40 милиони евра. Според Интернационалната организација за Кафе државата се вбројува меѓу првите 15 до 20 земји во светот по конзумирање на кафе по глава на жител.
Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу печено, непечено и или безкофеинско кафе, лушпи и ципи од кафе, но и други замени се увезувале од Бразил. Па така дури 46% од испиеното кафе било бразилско, 18,7% било од Италија, додека 8,8% било увезено од соседно Косово.
„Од Бразил во првите десет месеци годинава(2025 год.) биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.
Потоа следува Уганда со 31,5 тони, Виетнам со 28,7 тони, Индија 22,6 тони, Хрватска со 13,1 тон и Кенија со 9,8 тони кафе.







