1.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВо Козле хоспитализирани се 60 деца со респираторни проблеми

Во Козле хоспитализирани се 60 деца со респираторни проблеми

- Advertisement -spot_img

Во периодот од 8 до 14 декември пријавени се 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 31,30 отсто во споредба со претходната недела, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.

Од детската болница Козле велат дека се хоспитализирани 60 деца, од кои најмногу со респираторни проблеми, но битно е дека ниту едно не е на кислородна поддршка.

Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30 случаи) и Куманово (20), а веднаш потоа следи Македонски Брод (18). Во Скопје се пријавени 15 случаи. Иако по број на пријави не е прв, Македонски Брод има највисока инциденца – 178,0 заболени на 100.000 жители.

Според старосната распределба, најзасегната е групата 15–64 години со 97 случаи. Кај лицата над 65 години регистрирани се 16 случаи, додека кај децата бројките се пониски: 7 случаи кај групата 5–14 години и 6 случаи кај 0–4 години.

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле тестирани 24 материјали, при што се детектирани 4 позитивни случаи на грип: три Influenza A(H3) и еден Influenza A(H1)pdm09. Дополнително, регистриран е и еден случај на RSV тип B, додека SARS-CoV-2 не е детектиран.

Кумулативно, од почетокот на сезоната 2025/2026, регистрирани се 998 случаи на грип/заболувања слични на грип, што е зголемување од 51,2% во однос на истиот период минатата сезона.

Најголем број пријави има во Гостивар (244) и Куманово (241), а Македонски Брод повторно се издвојува со највисока инциденца – 583,5 на 100.000 жители.

Вакцинацијата против грип останува најсигурна заштита, посочуваат здравствените власти. За сезоната 2025/2026 обезбедени се 80.000 бесплатни четиривалентни вакцини за ризичните групи:

– лица над 65 години,

-деца од 6 до 59 месеци,

-лица со хронични болести,

-бремени жени,

-здравствени работници.

Според досегашните податоци, вакцинирани се 78.730 лица (со бесплатни или комерцијални вакцини).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img