домаМакедонијаВо Бутел потпишани првите решенија за надомест за новороденчиња

Во Бутел потпишани првите решенија за надомест за новороденчиња

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска ги потпиша првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во износ од 5.000 денари.

Финансиската поддршка е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година и, како што информираат од општината, има за цел да ги подобри условите за младите семејства.

Покрај оваа мерка, локалната самоуправа инвестира и во инфраструктура за најмладите. Во тек е изградба на две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период се планира изградба на уште три – во Радишани, Визбегово и Бутел 1.

Од општината велат дека со овие проекти се создаваат подобри услови за развој на децата и поддршка на семејствата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img