домаМакедонијаВо Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

- Advertisement -spot_img

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото превезувало товар од пилиња од Македонија.

Возачот го забележал пожарот откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај, објави 4news.mk По добиената пријава, противпожарната служба на Лушња брзо пристигнала на местото и интервенирала за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината. И покрај навремената интервенција, штетата е голема: значителен дел од товарот е оштетен, а повеќе од половина од птиците угинале, соопштија локалните медиуми.

Според првичните процени на противпожарната служба во Лушња, пожарот избувнал поради технички дефект на системот за климатизација во задниот дел каде што бил сместен товарот. Истражниот тим продолжува со работа за целосно утврдување на околностите на инцидентот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img