Еден полицаец утринава бил убиен, а негов колега бил повреден, за време на вооружена престрелка со криминалец во албанското село Лоџан, по кој се трага 10 години, кога се обиделе да го уапсат, пренесува „Газета тема“.
Припадник на специјалната полициска единица „Шќипоња“, Енеа Маколи (34), утрово загина при вршење на должноста, а неговиот колега Едисон Агри (36), е повреден.
Осомничениот е идентификуван како Виоалнд Брачелари, 43 години, кој од 2017 година бил ставен на потерница од полицијата во Влора.
Брачелари бил осуден во 2017 година на 9 години, 11 месеци и 7 дена затвор од страна на Корчанскиот суд, за кривично дело „Производство и продажба на наркотични дроги“, додека во 2011 година му била изречена безбедносна мерка „затвроски притвор“, за кривично дело „Одгледување на наркотични растенија“, објави полицијата.
По лоцирањето, специјалните единици „Шќипоња“ изготвиле оперативен план и ја опколиле куќата за да го уапсат. Во моментот кога полицајците се приближиле до објектот, осомничениот почнал да пука по нив. По престрелката Брачелари бил уапсен.
Силна осуда и длабоко и искрено сочувство до семејствто на Маколи и желби за побрзо закрепнување на Агри, изразија шефот на државата Бајрам Бегај, премирот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Бесфор Ламалари, политички партии.








