5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВнимателно возење поради магла и можни одрони

Внимателно возење поради магла и можни одрони

- Advertisement -spot_img

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози, а врнежите од снег се престанати, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Намалена видливост поради појава на магла е забележана на повеќе планински превои. На Плетвар и во Крушево видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Стража до 80 метри, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде исто така видливоста е до 80 метри.

Сите патни правци во државата се проодни, но од ЈП „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Надлежните апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, строго почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и интервенираат со цел сите патни правци да останат проодни. За дополнителни информации, учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефонски број 02 25 61 502. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img