домаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ Гостивар одбележа 36 години од основањето, Андоновски: Нашата сила се луѓето...

ВМРО-ДПМНЕ Гостивар одбележа 36 години од основањето, Андоновски: Нашата сила се луѓето кои стојат покрај нас

- Advertisement -spot_img

Со свечена атмосфера и големо присуство на членови, симпатизери и пријатели на партијата, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, вечерва во Гостивар беше одбележана 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

На одбележувањето посебно внимание беше посветено на работата на локалната структура и нејзиниот претседател Мартин Андоновски, кој во текот на својот мандат става особен акцент на зајакнувањето на организацијата, обединувањето на членството и создавањето нова политичка атмосфера во Гостивар.

Андоновски, обраќајќи им се на присутните, истакна дека силата на една политичка организација не се мери само во бројки, туку пред сè во луѓето кои стојат зад неа и во довербата што се гради низ годините.

„Велат, најголемото богатство се луѓето кои стојат покрај тебе. Вечерва покажавме колку е богат ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со пријатели и поддршка“, порача Андоновски.

Тој им се заблагодари на сите присутни и поддржувачи кои беа дел од оваа свечена вечер, нагласувајќи дека патот на локалната структура на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар продолжува со истиот ентузијазам.

„Благодарам од срце на сите што бевте дел од оваа прекрасна вечер. 36 години заедно и продолжуваме!“, истакна претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Годишнината беше одбележана како можност да се потсети на историјата на локалната организација, но и да се истакнат енергијата и поддршката што, според раководството, ВМРО-ДПМНЕ ја има во Гостивар.

Под раководство на Мартин Андоновски, структурата на партијата во Гостивар продолжува со зајакнување на организацијата на терен и со понатамошно приближување кон граѓаните и поддржувачите на политичката визија на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/share/p/19329m33ae/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img