домаМакедонијаВЛЕН: Уште едно исполнето ветување, вкупно 600 специјализанти во јавното здравство

ВЛЕН: Уште едно исполнето ветување, вкупно 600 специјализанти во јавното здравство

- Advertisement -spot_img

ВЛЕН: Се реализира ветувањето за вработување на 600 приватни специјализанти во јавното здравство

ВЛЕН соопшти дека Владата ја донела одлуката за вработување на втората група од 300 приватни специјализанти, со што, како што наведуваат, се реализира едно од клучните ветувања за вработување на вкупно 600 млади лекари во јавното здравство.

Во соопштението, ВЛЕН истакнува дека подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните било главната цел од преземањето на институциите, а во здравствениот сектор, според нив, во изминатите 24 месеци се спроведени промени кои донеле конкретни резултати за лекарите, пациентите и нивните семејства.

Од ВЛЕН наведуваат дека првата група од 300 приватни специјализанти веќе е вработена, додека постапката за вработување на втората група е во тек и се очекува да заврши до крајот на годината.

Според ВЛЕН, со ова уште 300 млади лекари, кои својата специјализација ја финансирале со сопствени средства, ќе добијат можност да станат дел од јавниот здравствен систем и професионалната кариера да ја продолжат во државата.

Во соопштението се посочува дека со новите вработувања ќе се зајакнат болниците кои со години се соочуваат со недостиг на специјалисти, при што приоритет ќе имаат општите и клиничките болници надвор од Скопје, како и специјализациите каде што недостигот на кадар е најизразен.

Од ВЛЕН оценуваат дека тоа ќе значи подобра здравствена заштита за граѓаните од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и другите градови, кои, како што наведуваат, повеќе нема да мора да патуваат до Скопје за специјалистички прегледи што можат да ги добијат во своите локални болници.

ВЛЕН потсетува и на инвестициите во здравствената инфраструктура, посочувајќи ја инвестицијата од 74 милиони евра во Клиничката болница во Тетово, како и отворањето на патот за изградба на новата болница во Кичево.

„Ветивме вработување на 600 специјализанти и го исполнуваме ветеното. Младите лекари ќе ја градат својата иднина тука, болниците ќе бидат кадровски зајакнати, а граѓаните ќе добиваат здравствени услуги поблиску до местото на живеење“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img