5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: ДУИ ја блокираше европската иднина, а го отвори патот кон „српскиот...

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше европската иднина, а го отвори патот кон „српскиот свет“

- Advertisement -spot_img

Движењето ВЛЕН во нова реакција ја обвинува Демократската унија за интеграција ДУИ дека е најголемата пречка за евроинтеграциите на Македонија, додека, како што велат, активно работела во интерес на концептот на „српскиот свет“.

Од ВЛЕН потсетуваат дека токму ДУИ била партијата која го одржала Никола Груевски на власт цели 10 години, обезбедувајќи му кворум и поддршка во најкритичните моменти за неговиот режим.

„ДУИ преку своите министри овозможи влез на српската телекомуникациска компанија М-ТЕЛ, додели лиценци за српски казина и во повеќе наврати покажа дека работи во насока на интересите на оската Груевски–Вучиќ“, се вели во реакцијата.

Според ВЛЕН, актуелниот министер за надворешни работи Бujar Османи имал 11 официјални средби со српското државно раководство, но ниту една со Косово, а неодамна и јавно признал дека се сретнал со Груевски во бегство.

Дополнително, како што истакнуваат, ДУИ гласала и за Законот за амнестија, со што „го спасија Сашо Мијалков и неговата структура од кривична одговорност“

,,ДУИ не само што ја врати државата назад и ги остави Албанците на маргините, туку директно работеше за остварување на целите на Груевски–Вучиќ. Денес, кога се обидува да ја прикаже ВЛЕН како проблем за Европа, тоа е само обид да се прикрие сопственото лицемерие и долгогодишното пазарење со антиевропски и антиалбански сили“, се додава во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img