6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН ја решава долгогодишната мака со паркирањето во Чаир – нова подземна...

ВЛЕН ја решава долгогодишната мака со паркирањето во Чаир – нова подземна гаража кај Плоштад „Скендербег“

- Advertisement -spot_img

Владата предводена од ВЛЕН започнува со реализација на проект за изградба на современ подземен паркинг кај Плоштад „Скендербег“ во Скопје, со кој конечно ќе се реши хроничниот проблем со недостаток на паркинг-места во Чаир и околината на Старата скопска чаршија.

Овој инфраструктурен зафат, вреден неколку милиони евра и финансиран од државниот буџет, предвидува простор за стотици возила, со што ќе се ослободи јавниот простор, ќе се воспостави сообраќаен ред и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Според ВЛЕН, оваа инвестиција директно ќе им служи на граѓаните, локалните бизниси и туристичката понуда на Чаршијата, при што се очекува да се удвои економската активност во овој регион на Скопје.

„Вакви капитални инвестиции, за време на БДИ, беа незамисливи во Чаир, Тетово или Струга. Денес ВЛЕН покажува дека е вистински стратешки партнер на општините каде што живеат Албанци, насочувајќи ресурси кон нивните реални потреби,“ се наведува во соопштението.

Владата најавува дека ќе продолжи со вложувања во инфраструктура, јавни услуги и урбани решенија што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Проектите, велат од ВЛЕН, се дел од поширока визија за модернизација и рамномерен развој, но и доказ за нова политика – политика на дела, а не празни зборови.

„Само преку партнерство меѓу централната власт и локалната самоуправа можеме да обезбедиме еднакви услови за сите и да ги издигнеме општините со мнозинско албанско население на нивото што со години беше оспорувано и запоставувано,“ порачаа од ВЛЕН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img